Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првиот пациент од трагедијата во Кочани се врати во земјава по лекување во Белград
Македонија

Првиот пациент од трагедијата во Кочани се врати во земјава по лекување во Белград

25/03/2025

AA

Попладнево првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски.

Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба. 

-Извесен период, неколку или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија. Во моментот се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ се што прошол додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувања, рече Чибишев.

Директорот на Токсикологија нагласи дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри и психолози кои ќе работат со пациентите кои се лекуваат во земјава и тие што ќе се вратат од странство.

– Апсолутно. Мислам дека и министерот на утринскиот брифинг со новинарите кажа дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри, психолози кои ќе работат со сите пациенти кои се лекуваат во државата и тие што ќе се враќаат од државите каде што биле трансферирани. Психичката траума е голема и стресот е голем. На тие пациенти сигурно ќе им треба и психијатриска и психолошка потреба, рече Чибишев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy