
Првиот човек си замина, ама шпанските фудбалерки останаа во – бојкот
Ниту една од фудбалерките, кои станаа неодамна светски шампионки, не се одзва на повикот на новата селкторка Монтсе Тома, која го одложи објавувањето на списокот. Шпанската федерација 20 минути пред официјалното објавување на избраничките, ја одложи пресконференцијата. Причината е што фудбалерките го продолжуваат бојкотот.
Наводно фудбалерките не се задоволни само со заминувањето на првиот човк Рубиалес и селекторот Вилда, туку бараат заминување на уште неколку вработени во федерацијата, а бараат смени во три сектори, во кабинетот на претседателот, во секторот за односи со јавност и во секторот за интегритет.
Фудбалерките со бојкотот се борат против сексизмот во фудбалот.
