Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
Македонија

Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ

24/04/2024

AA

Првичните неофицијални резултати од првиот круг на Претседателските избори Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави околу полноќ.

– Ние во 19:30 часот имаме уште една прес-конференција на која ќе биде соопштена вкупната излезеност на првиот круг на Претседателските избори. Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски попладне на прес-конференција.

Тој прашан дали има податоци за прекин на гласањето на одредени гласачки места истакна дека официјални приговори и податоци има само за три избирачки места во Куманово, едно каде бил изгубен печат, а на две поради тоа што не работел уредот за биометриска верификација.

Дикмире Шеху појасни дека согласно Изборниот законик на места каде гласањето не почнало повеќе подолго од три часа тоа се прекинува, а такви биле три места во Куманово.

-Во другите избирачки места гласањето тече нормално. Таму каде има прекин помалку од три часа, како половина час или еден час, на тие места ќе продолжи гласањето за толку за колку што бил прекинот. Од другите избирачки места како ДИК немаме никакви официјални приговори доставени до нас ниту до општинските изборни комисии, ниту до избирачките одбори бидејќи сме во координација со сите нив, рече потпретседателката  Шеху.

На новинарско прашање за тоа дали ДИК има податоци дека на Избирачкиот список имало и починати лица, таа истакна дека Комисијата ги добива податоците од МВР и Управата за водење матична евиденција.

– Согласно Изборниот законик сите граѓани 30 дена пред избори ќе починат се дел од избирачки список бидејќи тогаш е заклучен, рече таа.

Додаде дека четири пати годишно ДИК го прочистува Избирачкиот список со податоци кои ги добива од други интитуции со кои, како што рече, е во постојана координација.

Исто така, имало и случаи во кои одреден број гласачи не се пронашле на списоците за гласање и ним, како што појасни Даштевски, им било овозможено да поднесат приговор кој преку ОИК доаѓа до ДИК.

-Ние го бараме тука во списокот зашто не се појавува, ако е се во ред, а гледате приличен број приговори ги усвојуваме со решение му се дозволува да гласа, рече Даштевски додавајќи дека станува збор за стотина вакви лица.

Претходно тој соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на ДИК од 1788 избирачки места. Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи. До ДИК до 17 часот  доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy