Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првата инвестиција што ја најави Мицкоски по пет месеци почнува со работа во Македонија
Економија

Првата инвестиција што ја најави Мицкоски по пет месеци почнува со работа во Македонија

07/11/2024

AA

Алказар Енерџи МКД, првта инвестиција што ја најави премиерот Христијан Мицкоски по доаѓањето на власт, започнува со работа во Македонија, но уште не со производство на електрична енергија, туку со административните подготовки.

Инвеститорот од Дубаи ја основа својата фирма во Скопје, која засега е на микро ниво со почетен влог од 5.000 евра, на адреса во деловниот центар Хипериум. Првичната дејност што е регистрирана е „советување во врска со работењето и останатото управување“. За менаџер е назначен Полјакот Пјотр Даниел Волошченко кој ќе биде испратен од базата во Дубаи.

Во јуни на презентација пред јавноста беше најавен ветерен парк што ќе произведува еден терават електрична енергија кој ќе почне да се гради на почетокот на 2026 година како прв голем проект што го најави новата влада предводена од Мицкоски.

Инвестицијата на „Алказар енерџи“ е најавена со вредност од над 500 милиони долари. „Алказар енерџи“, според информациите објавени од самата компанија, има седиште во Луксембург, со советодавен тим во Дубаи. Фондот, на чие чело е соосновачот Даниел Калдерон, се фокусира на проекти поврзани со обновлива енергија на пазари во развој во Европа и во Турција. Ветерниот парк, како што беше посочено на промоцијата на инвестицијата, ќе има 55 ветерници и ќе се гради меѓу три општини Карбинци, Штип и Радовиш. 

Електричната енергија што ќе се произведува од овие ветерници е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Во текот на изградбата на ветерниот парк се очекува да бидат отворени 630 нови работни места.

Од опозицијата реагираа дека сè уште станува збор само за писмо за намери за инвестирање со пари кои инвестицискиот фонд треба да ги собере до крајот на 2025 година, па дека оттука, како што рекоа, има елементи за спин во информацијата на Владата во делот на странските инвестиции. Реагираа дека освен што Алказар Енерџи нема свои, туку собира пари од други инвеститори, и дека на ваков начин има реализирано само 6 енергетски постројки и тоа во Египет и Јордан, од кои две ветерни фарми и 4 фотовотлаични електрани. Според нив, краен сопственик на фондот била кинеска државна компанија.

Проектот е започнат пред повеќе од петнаесет години од страна на бизнисменот Стефан Пулејковски, а во меѓувреме е предаден на шпанскиот „Инвал“ кој во меѓувреме прејде во сопственост на „Алказар Капитал“. Како независен инвестициски фонд „Алказар енерџи“ е основан во 2014 година. Првите количини електрична енергија во Македонија треба да ги произведе во 2027.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy