
Првата дама: Трагедијата со Вања мора да биде алерт дека треба да воспоставиме темелни образовни, економски и социјални политики
Насилството е сурова реалност која уништува поединечки животи и цели заедници. Загрижувачки е јазот меѓу реториката, правната рамка и реалноста. Порача денеска првата дама Елизабета Ѓорѓиевска.
„Деновиве сме сведоци на неговата соголеност во најстрашниот вид на на насилство. Која отвора многу прашања од многу природи. Трагичното случување со убиството на Вања мора да биде алерт дека треба системски и интензивно да работиме на воспоставување на темелните образовни, економски и социјални политики кои ќе ја подигнат свеста за борбата против насилството на сите рамништа. Битката е далеку од добиена“, изјави денеска првата дама Елизабета Ѓорѓиевска.
