Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПРВАТА ДАМА НА СРБИЈА Е МОДЕН ТРЕНДСЕТЕР, А ВУЧИЌ АПОСТОЛ НА СКРОМНОСТА“: Тамара Вучиќ  живее луксузен живот во сиромашна Србија
Регион

„ПРВАТА ДАМА НА СРБИЈА Е МОДЕН ТРЕНДСЕТЕР, А ВУЧИЌ АПОСТОЛ НА СКРОМНОСТА“: Тамара Вучиќ живее луксузен живот во сиромашна Србија

21/11/2023

AA

Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, сопругата на претседателот
на Александар Вучиќ, последните недели е се поактивна во општествениот живот, а
своите активности редовно ги промовира на социјалната мрежа Инстаграм, пишуваат српските медиуми упатувајќи
бројни критики и коментари за нејзиниот прескап стил.

Така на социјалните мрежи се пофали со фото едиторијалот што
и го направила во Париз. Го промовираше
својот омилен дизајнер, а во француската
престолнина покажа скапа тоалета во која гопомина времето на Модната недела.

Покрај ревиите, првата дама на Србија беше активна и во
изборот на мирисната нота за првиот национален парфем „Мирисот на јоргован“ што треба да го
изработи, како што истакна најстариот француски производител на парфеми.

Во изминатите недели таа беше во посета на Кина, каде го придружуваше нејзиниот сопруг и во Египет, каде што учествуваше на
повеќе меѓународни настани кои се однесуваат на жените претприемачи, како и на
африканско-азиската економска соработка.

Според дипломатот Сречко Ѓукиќ, станува збор за потребата да
се претстави во јавноста како посебен субјект.

„Јасно е дека кога е на позицијата на која е тоа не може без
политика. Но тука не е во улога на
слободен стрелец, тоа е личност
која го одредува сопствениот имиџ“, изјави Ѓукиќ за N1.

„Се појавува во светот на високата мода или ексклузивни
места, промовира дизајнери… Лично, таа може да учествува во вакви активности,
но како сопруга на претседателот, не баш. Посебно во држава во која има милион
проблеми. Гладни, жедни, боси,
држава во која секоја недела
се случува фемицид. Децата страдаат на различни начини. Поради ова, мислам дека
таа попрво треба да биде посветена на улогата на некој како Мајка Тереза, а не да биде прва личност во џет-сетерското општество“.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Vučić (@tamara.vucic.serbia)

Н1 наведува дека
на нејзиниот профил се гледа
луксуз, висока мода, парфеми, патувања… кои многумина во јавниот живот ги
сметаат за непримерни со оглед на животниот стандард на граѓаните на Србија, чиј лидер е нејзиниот сопруг
Александар Вучиќ.

Главниот уредник на Данас, Драгољуб Петровиќ, вели дека,
иако претседателот Вучиќ се претставува како апостол на скромноста, првата дама
на Србија во јавноста промовира нешто неспоиво со скромноста – луксузен живот и
луксузна облека.

„Претседателот вели дека се облекува од некој фонд што никој
досега не го видел, па се претпоставува дека и неговата сопруга има некаков
фонд на скапи модни креации за кои сопругите на неговите избирачи можат само да
сонуваат. Би било добро да се знае како г-ѓа Вучиќ ја финансира улогата на
моден трендсетер, за да се отстрани секој сомнеж. Затоа што додека половина
Србија се облекува во продавници за втора рака, со своите објави на Инстаграм
во скапи креации, таа остава впечаток на прва дама на богата и успешна земја,
што Србија секако не е“, оценува Петровиќ за Н 1.

Според него, луксузот на Тамара Вучиќ лесно може да му дојде „преку глава“ на
„најскромниот“ претседател во поновата историја бидејќи не оди со сликата што
сака да им ја прикаже на сиромашните луѓе на кои им се обраќа.

„Додека луѓето намоткуваат
кабли за минималец, некои
очигледно живеат многу добро и трупаат
големи пари“, вели уредникот на Данас.

Според новинарот на
Дојче Веле, Немања Рујевиќ Тамара не
„промовира луксузен живот во сиромашна Србија“, туку таа само го живее.

„Погледнете ги јакните, чевлите и винарските визби на Вучиќ,
црните фондови на владејачката партија, погледнете го имотот на министерот Мали, видете каде угледните функционери ги школуваат своите
деца иако во имотната книшка немаат ништо друго освен илјада евра плата.
погледнете го возниот парк што го имаат кумовите на Вучиќ и таканаречените
матни бизнисмени – тоа е вистинска кражба и навреда за сиромашните во Србија“,
забележува Рујевиќ за N1.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45881
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на македонска земја!

30/09/2026

Oсврнувајќи се на 1.009-годишнината од легендарниот балкански судир помеѓу Самуил и Василиј Втори кај Беласица и реактуализирањето во македонско-бугарските политички

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО ПРЕДАВСТВО? ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување на

30/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвини дека изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго” – е доказ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy