
Прва лапароскопска уролошка операција извршена во ЈЗУ Општа болница Кавадарци
Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела.
Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со Проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. Д-р Билјана Еленова.
Оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во нашата установа и потврдува дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите.