
Прва фотографија од Палевски по апсењето – го фатиле додека одел пешки по автопат!
Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовские фатен во турскиот град Баликесир.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја покажа првата фотографија од тоа како изгледал Палчевски кога бил фатен во Турција.
Говорејќи на прес-конференција кажа дека Палевски првин стигнал во Србија каде престојувал во хотел. Потоа наредниот ден, едно лице од Скопје го земало и со ланд ровер го пренело преку Бугарија до Турција.
