
Прв телефонски разговор на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија: Муцунски му честиташе на Георгиев!
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, имал пријателски прв телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија.
„Му честитав за назначувањето и изразив нашата определеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заедно да придонесеме за регионалната стабилност и взаемниот напредок“, вели министерот Муцунски во својата објава на мрежата „Икс“.