
ПРВ ПАТ ПО 50.000 ГОДИНИ: Зелена комета ќе помине покрај Земјата
Комета со зелена опашка, ќе биде видлива оваа недела кога ќе го достигне најблиското растојание до Земјата – 42,5 милиони километри. Вселенскиот посетител последен пат бил во регионот на Сончевиот систем пред 50.000 години, кога неандерталците сè уште ја населувале Евроазија.
Зелената комета, наречена ЕУ-2022 Е-3, беше откриена на почетокот на март минатата година. Неговата светлина доаѓа од супстанциите од кои е направен, а кои светат зелено кога се изложени на директна сончева светлина. НАСА планира да ја набљудува кометата со вселенскиот телескоп Џејмс Веб, а хобистите ќе можат да ја видат на север дури и со обичен двоглед.