Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРВ БРАН ОТПУШТАЊА ОД CREDIT SUISSE ВО ЈУЛИ: Швајцарската банка ќе отпушти 10.000 работници во три фази
Економија

ПРВ БРАН ОТПУШТАЊА ОД CREDIT SUISSE ВО ЈУЛИ: Швајцарската банка ќе отпушти 10.000 работници во три фази

28/06/2023

AA

UBS Group има
намера да отпушти повеќе од половина од работната сила на неодамна
купената банка Credit Suisse. Отпуштањата почнуваат веќе следниот месец,
дознава Блумберг.

Отпуштањата не предизвикаа шок, работниците стравуваа дека
ќе се случат по спојувањето на овие две банки.

Банкарите, трговците и помошниот персонал во инвестициската
банка Credit Suisse во Лондон, Њујорк и делови од Азија се очекува да го сносат
најголемиот товар, бидејќи речиси сите активности во овие филијали се изложени
на ризик од откажување.

UBS има намера на крајот да го намали вкупниот број на
вработени за околу 30 отсто, или на 35.000 луѓе, додека бројот на вработени во
Credit Suisse во моментов изнесува околу 45.000, според извештајот.

Планирано е да се укинат дури 10.000 работни места. На
вработените им е кажано да очекуваат три круга намалувања оваа година, а првиот
се очекува до крајот на јули. Во моментов се планирани уште два круга за
септември и октомври, додаваат извори за Блумберг, кои побарале да останaат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се јавни.

UBS и Credit Suisse одбија да коментираат.

На почетокот на овој месец, извршниот директор на UBS, Серџо
Ермоти, предупреди на болни одлуки за отпуштања по преземањето на Credit Suisse,
но не елаборираше за бројот на потенцијални отпуштања.

UBS го заврши брзото преземање на својот ривал во јуни,
создавајќи швајцарски банкарски гигант и управување со богатството со биланс од
1,6 трилиони долари и работна сила од 120.000. луѓе.

ФОТО: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41485
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy