Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Противникот на Ердоган има план за мигрантите кои се во Турција
Регион

Противникот на Ердоган има план за мигрантите кои се во Турција

18/05/2023

AA

Противникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу има план за мигрантите кои се во Турција. 

Ако во вториот круг го победи Ердоган и стане претседател на Турција, вети дека ќе ги врати мигрантите во нивните земји.  Тој денеска го заостри тонот кон мигрантите, велејќи дека доколку граѓаните го изберат во вториот круг на 28-ми мај, мигрантите ќе ги врати назад во нивните земји.

Кемал Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска коалиција која е поддржана од западните земји, на изборите во неделата освои околу 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 49,5 отсто од гласовите, повеќе од очекуваното, но за малку не успеа да го освои мнозинството и да го избегне вториот круг.

„Ердоган, намерно дозволивте десет милиони бегалци да влезат во Турција. Продадовте турско државјанство за да обезбедите гласови“, тврдеше Киличдароглу.

Официјалните податоци покажуваат дека четири милиони бегалци живеат во Турција и тоа е најголемата бегалска популација во светот. Главно тоа се бегалци од Сирија.

„Овде објавувам: Кога ќе бидам избран за претседател, ќе ги вратам бегалците во нивните земји“, рече Киличдароглу.

Тој во предизборната кампања најави дека планира да ги испрати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето договор со сирискиот претседател Башар ал-Асад за нивната безбедност, во координација со Обединетите нации (ОН).

Турција изведува последните години воена интервенција на сирискате територија, против тамошните Курди. Ердоган во кампањата го обвинува Киличдароглу дека соработува со курдските сепаратисти.

foto facebook/Kemal Kılıçdaroğlu

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy