
Противникот на Ердоган има план за мигрантите кои се во Турција
Противникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу има план за мигрантите кои се во Турција.
Ако во вториот круг го победи Ердоган и стане претседател на Турција, вети дека ќе ги врати мигрантите во нивните земји. Тој денеска го заостри тонот кон мигрантите, велејќи дека доколку граѓаните го изберат во вториот круг на 28-ми мај, мигрантите ќе ги врати назад во нивните земји.
Кемал Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска коалиција која е поддржана од западните земји, на изборите во неделата освои околу 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 49,5 отсто од гласовите, повеќе од очекуваното, но за малку не успеа да го освои мнозинството и да го избегне вториот круг.
„Ердоган, намерно дозволивте десет милиони бегалци да влезат во Турција. Продадовте турско државјанство за да обезбедите гласови“, тврдеше Киличдароглу.
Официјалните податоци покажуваат дека четири милиони бегалци живеат во Турција и тоа е најголемата бегалска популација во светот. Главно тоа се бегалци од Сирија.
„Овде објавувам: Кога ќе бидам избран за претседател, ќе ги вратам бегалците во нивните земји“, рече Киличдароглу.
Тој во предизборната кампања најави дека планира да ги испрати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето договор со сирискиот претседател Башар ал-Асад за нивната безбедност, во координација со Обединетите нации (ОН).
Турција изведува последните години воена интервенција на сирискате територија, против тамошните Курди. Ердоган во кампањата го обвинува Киличдароглу дека соработува со курдските сепаратисти.
foto facebook/Kemal Kılıçdaroğlu
