
Противник на Пелистер во ЛШ неочекувано остана без тренер!
За него ова беше трет мандат на чело на еден од противниците на нашиот Пелистер во Лигата на шампионите (ЛШ), а на таа позиција беше од минатата година. Екипата во продолжение ќе ја води Андрија Николиќ, досегашниот помошник.
„Се што правеше, правеше со верба и ние му благодариме што го водеше нашиот клуб изминатите десет месеци“, стои во соопштение на загрепчани.
Пелистер и Загреб ќе ги одмерат силите на 19 октомври во Загреб, односно на 7 декември во Битола. И двата тима го почнаа елитното натпреварување со порази, битолчани од Колстед, а хрватскиот гигант од Кил.
