Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протести во Германија: Во Лајпциг повредени се 50 полицајци и неколку демонстранти
Македонија

Протести во Германија: Во Лајпциг повредени се 50 полицајци и неколку демонстранти

05/06/2023

AA

Приврзаниците на крајната левица на една жена затворена за учество во напади врз неонацисти и екстремисти се судрија со полицијата во Лајпциг изминатиот викенд.

Во судирите се повредени 50 полицајци и поголем број демонстранти, изјави денеска шефот на полицијата во Лајпциг, Рене Демлер.

Демлер рече дека околу 30 лица се уапсени, а уште околу 50 се приведени и ослободени од попладнево, пренесе АП.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер ги осуди насилните акции на некои демонстранти и им посака брзо закрепнување на повредените полицајци.

Во меѓувреме, некои политичари го критикуваа пристапот на полицијата кон демонстрантите, велејќи дека тој е непотребно агресивен.

Социјалдемократскиот политичар во регионалниот парламент во Саксонија, Албрехт Палас, го осуди полицискиот пристап, велејќи дека силното полициско присуство и полицискиот одговор на помалите тепачки „имале ефект на ескалација, при што најмногу биле погодени случајните минувачи кои не биле вклучени во конфликтот“. .

Протестите уследија по одлуката од средата на државниот суд во Дрезден да ја осуди Лина Е. на пет години и три месеци затвор за членство во криминална организација и нанесување тешки телесни повреди.

Неколку часа подоцна, судот соопшти дека Лина Е. била ослободена под неутврдени услови откако поминала околу две и пол години во притвор пред пресудата.

Демонстрациите на приврзаниците на 28-годишната Лина Е, кои беа планирани за сабота, беа забранети од градот Лајпциг, а полицијата соопшти дека и покрај забраната се појавиле околу 1.500 демонстранти. објави АП.

Собирот започна мирно, но на крајот дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои дел од демонстрантите фрлаа камења, шишиња и огномет.

Протести претходно се одржаа и во други градови низ Германија, вклучувајќи ги Берлин, Бремен и Хамбург.

Уште еден протест е планиран за вечерва во Лајпциг, кој градот исто така го забрани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy