Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протестен собир во Брисел за поддршка на жителите во Газа
Македонија

Протестен собир во Брисел за поддршка на жителите во Газа

22/10/2023

AA

Неколку илјади лица попладнево учествува на протест во Брисел за поддршка на жителите на Газа, организиран од неколку белгиски синдикати и невладини организации.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според организаторите на протестот, на него учествувале околу 25.000 лица, додека, според белгиската полиција, на собирот присуствувале 12.000 луѓе.

Протестот започна пред седиштето на Европската комисија, од каде демонстрантите се упатија на марш низ околните улици, кој заврши на почетната локација – плоштадот „Шуман“ пред зградата на ЕК.

Учесниците на протестот носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка за Палестинците и за прекин на „масакрите во Газа“, но и „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Капитализмот е вистинската бомба“.

Организаторите на собирот, меѓу кои и Генералната федерација на трудот на Белгија, Конфедерацијата на христијански синдикати, Белгиско-палестинската асоцијација, организацијата Координација и иницијативи за бегалците и странците, Христијанското работничко движење, Националниот центар за развојна соработка и здружението Женски живот, ја повикаа Европската Унија да направи се што е во нејзина моќ да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа, како и да се заштити целото цивилно население и да му се овозможи пристап до меѓународна помош.

Уште при најавата на протестот, организаторите апелираа тој да биде мирен, да нема оправдување за воените злосторства, напади врз цивили или каква било манифестација на антисемитизам или која било друга форма на расизам, а во неколку наврати и на собирот потсетија дека не сакаат никакви антисемитски или пораки против еврејскиот народ.

– Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз цивилното население, вклучително и оние извршени од Хамас од 7 октомври врз израелски цивили, кои резултираа со стотици загинати. Сепак, ниту еден напад не може да го оправда непочитувањето на правилата на војување, беше наведено во прогласот на организаторите на собирот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА

23/04/2026
Македонија

🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ

23/04/2026
Македонија

И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

22/04/2026
Македонија

ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НА КРИВО НАСАДЕН Успеа да се скара и со

22/04/2026
Македонија

„Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски

22/04/2026
Македонија

ЌЕ СТОПЛУВА, АМА УТРАТА ЌЕ ОСТАНАТ СТУДЕНИ Променливо облачно и

22/04/2026
Македонија

Родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42780
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy