
Протестен марш во Неготино за Фросина!
Денеска во Неготино се одржува протестен марш поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, прегазена од Васил Јованов, кој бил пијан, без дозвола и поминал на црвено.
Мотото на маршот е „Стоп за сообраќајното насилство“.
Другарките на Фросина организираа бесплатен превоз за учесниците од други градови.
Маршот започна во 14 часот на улица „Маршал Тито“, а учесниците испратија силна порака за крај на сообраќајното насилство и почитување на законите.

