Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест за Мануел: Судските органи да престанат со селективната правда кон Ромите
Македонија

Протест за Мануел: Судските органи да престанат со селективната правда кон Ромите

24/11/2023

AA

Денес се одржа протестен марш кој започна од Пластичарска и продолжи пред Основниот Кривичен суд, а се побара казната за обвинетиот да биде максимална.

– Губењето на животот на мојот син е трагедија и болка којашто ќе не следи до крајот на животот и најмалку што може судот да направи е да донесе праведна одлука за казна на сторителот. Подготвен сум да ја истерам правдата до крај, истакна таткото, Себастиан Асановски.

Обвинетиот со возило Мерцедес на 12 октомври годинава со брзина од 76 километри на час, односно 26 километри на час над дозволената брзина од пропишаната, го усмрти 10 годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на трагедијата.

– Ги повикуваме судството и властите да ги признаат овие неправди и да преземат итни мерки за да се отстранат овие разлики. Крајно време е да се стави крај на овој дискриминаторски третман. Бараме реформи кои обезбедуваат правични судења, непристрасни пресуди и еднаков третман на сите поединци, без разлика на нивната етничка припадност, истакна Елвис Шаќири, Извршендиректор на Ромалитико.

Пред Основниот Кривичен суд од страна на лицата кои протестираа беше побарано:

-Казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторено кривичното дело;

-Еднаков пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата е Ром/ка

-Активно учество на ромската заедница во судската власт.

На протестниот марш учествуваа околу 800 граѓани од целата држава кои дадоа поддршка да се престане со селективната правда кон ромската заедница.

– Го подржувам и го разбирам револтот и барањето на граѓаните. Свесен сум дека истите вклучуваат и низа барања кон клучните актери во државата. Оваа пракса треба под итно да се смени и после овој протест од граѓаните и јавноста, надлежните инстанци – треба 10 пати да мерат пред да пресудат, особено во сензитивни случaи во кој што директно се влијае врз животот, достоинството и сигурноста на граѓаните и заедницата, истакна Елвис Мемети советник во Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy