Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест во Скопје во поддршка на екс лидерите на ОВК кои им се суди во Хаг
Македонија

Протест во Скопје во поддршка на екс лидерите на ОВК кои им се суди во Хаг

13/12/2025

AA

Денеска во Скопје ќе се одржи протест во поддршка на поранешните лидери на ОВК, кои веќе речиси пет години се наоѓаат во притвор и им се суди пред Специјализираните совети во Хаг.

Протестот е закажан за денес на плоштадот „Скендербег“, а го организираат здруженија произлезени од војната на Ослободителната војска на Косово.

По собирите во Приштина, Хаг, Тирана и Стразбур, Скопје е следната локација на која ќе се изрази незадоволство од, како што велат организаторите, „неправичниот процес“ против поранешните команданти.

Претседателот на Организацијата на ветерани на ОВК, Хисни Гуцати, изјави дека македонските власти дале дозвола за одржување на протестот и ја презеле одговорноста за безбедноста, додавајќи дека добил уверување оти нема да има пречки за учесниците кои ќе пристигнуваат од странство.

Тој иронично ја коментираше и одлуката на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски да формира кризен штаб за следење на настанот, оценувајќи дека тоа дополнително го зголемило интересот и мотивирало поголем број Албанци да учествуваат на протестот.

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, поранешните претседатели на Собранието Јакуп Красниќи и Кадри Весели, како и поранешниот пратеник Реџеп Селими, се во притвор во Хаг од 2020 година.

Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Косово, обвиненија што сите четворица ги отфрлаат и за кои се изјаснија дека не се виновни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1

18/06/2026
Македонија

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026
Македонија

МЕГА-АФЕРА ВО ФФМ: Двајца поранешни претседатели „испумпале“ над 180 милиони

18/06/2026
Македонија

Радев одби средба со Мицкоски: „Немаме што повеќе да си

18/06/2026
Македонија

Бугарскиот амбасадор во Скопје апелира: Отворените граници се лек против

18/06/2026
Македонија

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило

18/06/2026
Македонија

Мемов: Ангажирањето на пензионерите во приватниот сектор е од корист

18/06/2026
Македонија

Полициска акција низ повеќе градови: Уапсени 11 лица поради дрога

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1 јули

18/06/2026

ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ соопшти дека во периодот од 22 јуни до 1 јули 2026 година ќе бидат привремено укинати повеќе

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026

Безживотното тело на 75-годишна државјанка на Република Северна Македонија беше извлечено од морето кај Неа Каликратија, Халкидики. Жената со амбулантно

МЕГА-АФЕРА ВО ФФМ: Двајца поранешни претседатели „испумпале“ над 180 милиони денари, полицијата приведе 12 лица

18/06/2026

Во голема координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy