Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Криволак се ништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети од пред 15 години
Македонија

На Криволак се ништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети од пред 15 години

13/12/2025

AA

Полициски службеници од страна на Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација и содејство со полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на претходно изготвен план преземаат соодветни мерки и активности за ништење на огромна количина на минско-експлозивни средства.

После цели 15 години, денеска минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација.

Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност. Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy