Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОТЕСТ ВО САРАЕВО ЗА ПОДДРШКА НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Кој е убиецот на децата? Израел!
Регион

ПРОТЕСТ ВО САРАЕВО ЗА ПОДДРШКА НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Кој е убиецот на децата? Израел!

12/11/2023

AA

Протестен марш денеска се одржа во босанскиот главен град Сараево за поддршка на палестинскиот народ во Газа.

Толпата извикуваше „Кој е убиецот на децата? Израел!“ и „Израел терорист“.

Учесниците велат дека се со палестинскиот народ врз кого, како што нагласуваат тие, „се врши геноцид пред очите на целиот свет“.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше – „Сараево страда поради страдањето на народот во Газа“, но и оние на кои беа прикажани лицата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден, со натпис „криминалци“.

Организатор на протестот е Независното младинско собрание во Босна и Херцеговина. Досега во Сараево беа одржани два собири за поддршка на палестинскиот народ во Газа. Во Сараево има претставништво на Палестинската управа.

На собирот во октомври, заедно со пораките за поддршка за Палестинците, беа истакнати постери со антисемитски и антиизраелски пораки, а како и овојпат отсуствуваа осудите за злосторствата на Хамас. На ова тогаш реагираше израелскиот амбасадор во Босна а Херцеговина, Галит Пелег.

„Ако ги поддржувате Палестинците, зошто не го осудувате Хамас“, е прашањето што Пелег им го упати на демонстрантите во Сараево во објава на социјалните мрежи.

Инаку, Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Среде лето заснежи на Попова Шапка – температурите паднаа под

24/07/2026
Македонија

Црвениот крст со масовна акција во Гостивар: Вода, пробиотици и

24/07/2026
Македонија

Граѓаните сè повеќе штедат, но и понатаму активно се задолжуваат

24/07/2026
Македонија

Управител од Новаци пријавен за злоупотреба на службена должност, оштетен

24/07/2026
Македонија

Продолжува намалувањето на бројот на пациенти во Гостивар – вчера

24/07/2026
Македонија

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

24/07/2026
Македонија

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата на Владата: Зулфиќар Зејнула избран за

24/07/2026
Македонија

Забрането капење во езерото „Младост“ – има појава на цијанобактерии

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44627
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Среде лето заснежи на Попова Шапка – температурите паднаа под нулата

24/07/2026

Попова Шапка попладнево беше зафатена од снег, објави SkiMacedonia, посочувајќи дека на надморска височина над 2.300 метри температурата се спуштила

Црвениот крст со масовна акција во Гостивар: Вода, пробиотици и помош за најранливите

24/07/2026

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги сумираше активностите што ги спроведе во периодот од 20 до 24 јули, по

Граѓаните сè повеќе штедат, но и понатаму активно се задолжуваат – што покажуваат најновите податоци?

24/07/2026

И покрај растечките трошоци за живот, граѓаните и компаниите продолжуваат паралелно да ги зголемуваат и своите заштеди и задолжувања. Најновите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy