Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест пред Собрание за законите за „Бехтел и Енка“: Надзорен инженер не е археолог
Економија

Протест пред Собрание за законите за „Бехтел и Енка“: Надзорен инженер не е археолог

10/04/2023

AA

Членови на Македонското археолошко друштво заедно со преставници на ИКОМОС денеска мирно пред Собранието протестираа против низмените по скратена постапка на Законот за заштита на културното наследство заради олсенување на работата на компанијата „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д. Измените власта потоа ги повлече, но останатите законски измени во врска со работењето на конзорциумот продолжуваат.

Археолозите сметаат дека се става во опасност од уништување археолошкото и културното богатство на Македонија, додека власта со специјален закон сака да ја олесни изградбата на автопатските делници така што самиот изведувач ќе носи проценки за евентуални наоѓалишта при расчистувањето на трасата.

Од таму ги повикуваат претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, институциите од областа на заштитата, МАНУ и универзитетите, претставништвата на меѓународните организации за културно наследство во државава, граѓанските здруженија, правдољубивите граѓани и дипломатските претставништва, особено американската амбасада во Скопје, да се приклучат кон апелот да се повлечат спорните законски измени пред да биде доцна. 

– Денешниов јавен собир е апел до пратениците во Собранието на РС Македонија, до Владата, и целокупната јавност, да ја разбудат својата свест и совест и да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство со кои бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, во име на „поголем јавен интерес“, зад кој всушност се крие профитерска зделка од огромни размери. Со дрскиот и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието на РС Македонија по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Господа пратеници, дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на УНЕСКО?  – соопштија од Македонското археолошко друштво.

За културното наследство на трасата, како што нагласија од ИКОМОС, ќе биде известувано МВР и полицијата, а не институциите за заштита на културното наследство, археолози, историчари на уметност и експерти.

– Имено, со предложените измени и дополнувања на членот 65 од на културното наследство се п (3) кој би овозможил, доколку за време на државно значење биде пронајдено археолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите надзорниот инженер, заобиколувајќи ја постојната законска одредба истото да биде пријавено непосредно до Министерството за внатрешни работи. Со ваквата предложена измена и дополнување на овој член од Законот за заштита на културното наследство, се овозможува исклучување и дерогирање на компетентните стручни и надлежни инстанци за заштита на културното наследство, односно на институциите од системот за заштита кои се специјализирани, квалификувани и одговорни да преземаат мерки за заштита на наследството. Во нивна „замена“, како досега нечуен преседан, се предвидува овие надлежности да му бидат доверени на надзорен инженер, кој ја нема потребната стручност ни знаење да идентификува дали се работи за случајни откритија дали постапува на стручен начин со нив, ниту да примени соодветни стандарди за нивна заштита. Со ова, основано сме загрижени дека доколку се прифати ваквиот предлогзакон за измена на член 65 од Законот за културното наследство ќе биде изложено на директна опасност од уништување и негово трајно губење – велат од ИКОМОС.

Со пакет измени на 9 закони на изведувачот му се даваат широки овластувања кои државата ќе ги плаќа и ќе чинат стотици милиони евра кои ќе паднат на сметка на граѓаните преку буџетот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy