Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест на вработените во институциите: Бараат зголемување на платите и потпишување на договори
Македонија

Протест на вработените во институциите: Бараат зголемување на платите и потпишување на договори

14/01/2025

AA

Протестите, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

– Почнуваме денеска бидејќи се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневен ред, со што ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените. Во изминатиот период од изборот на новата Влада, остваривме средби со речиси сите ресорни министри и по пат на преговори со нив, заеднички подготвивме Предлог – колективни договори, потоа со поддршка на ресорните министри беа испратени до Министерството за финансии. Овие Предлог – колективни договори беа поднесени до Министерството за финансии пред носење на Буџетот за 2025 година,  но, од неразбирливи причини, Министерството за финансии не одобри средства за нивно потпишување, изјави Деаноски на протестот пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Висината на платите на вработените во институциите кои денеска протестираат, како што нагласи Деаноски, почнува од 25.010,00 денари.

– Просечната плата во овие институции е околу 29.000,00 денари, а просечната плата исплатена на ниво на држава изнесува 42.124,00 денари. Додатокот што го бараме од 30 отсто значи дека вработените би добиле 6.000 денари зголемување на плата, но и покрај тоа, сите вработени повторно ќе бидат под просечната плата на државата. Ова наше барање е старо повеќе од четири години. За овој додаток на плата сме протестирале и сме штрајкувале години наназад, но, за жал, ниту една влада досега не излезе пресрет на нашите барања, подвлече Деаноски.

Тој рече дека иако не постои никаква уставна, ниту законска пречка, да се потпише колективен договор во која било институција, нивната намера не е да му нанесат штета на државниот Буџет, туку „преку дијалог со Владата да се изнајдат средства за потпишување на колективните договори во рамки на буџетот“.

Во однос на штрајкот на вработените во Државното правобранителство којшто започна на 8 јануари, претседателот на Синдикатот на УПОЗ рече дека нема никакво поместување.

– Вчера повторно имавме преговори со државниот правобранител. Поместување е само дека вработените добиваат решенија со што им се намалува платата за 40 отсто за време на штрајк. Моментално добија само колегите од Тетово, бидејќи кај нив штрајкот почна порано. Сега се подготвуваат исти решенија за сите вработени кои се во штрајк, додаде Деаноски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy