Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест на вработените од УЈП: Бесими не дава согласност за новиот Колективен договор
Македонија

Протест на вработените од УЈП: Бесими не дава согласност за новиот Колективен договор

13/06/2023

AA

Вработените во Управата за јавни приходи ќе одржат протест, на кој ќе го изразат своето незадоволство кон Министерот за финансии г-дин Фатмир Бесими, поради недавањето согласност од негова страна за потпишување на новиот Колективен договор на Управата за јавни приходи.

Протестот ќе се одржи денес со почеток во 11 часот пред зградата на Министерството за финансии.

Во содржината на посочениот договор е утврдено зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, а претходно работни групи делегирани од работодавачот и репрезентативната синдикалната организација Солидарност изготвија и заеднички ја прифатија содржината на новиот Колективен договор на ниво на работодавач.

„Бидејќи до ден денес, од неразбирливи причини согласноста за потпишување на договорот сеуште не е добиена, а вработените во управата не можат да го остварат своето право на повисоки плати, решија да го одржат денешниот протест. Кога сме кај платите на вработените во Управата за јавни приходи состојбата е повеќе од поразителна и разочарувачка. За 14 години нивните плати се корегирани само за 5% а во последните 4 години ниту еден денар.

Никој не сака да го цени фактот дека станува збор за вработени во државната управа, кои се единствени во децениските активности на хуманитарни и донаторски акции со што ја искажуваат својата општествената одговорност.

Никој не може да го негира фактот дека токму тие се единствените кои од сопствените плати издвоија милионски износи кои беа уплатени во фондот за справување со Covid пандемијата кога целото општество беше во шок.

Имајќи ја во предвид решеноста на вработените во управата да ги искористат сите механизми за да го остварат ова свое основано право, ја искажуваме нашата загриженост поради можноста да настанат непосакувани состојби, предусловени од неисполнување на работни задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрак на што се инсистира од нивна страна.

Што тоа би значело за целото општество сите треба да бидеме свесни.

Во исто време имаме заедничка обврска секој поединечно и сите заедно со изнаоѓање на решение, а тоа е давање согласност за потпишување на веќе прифатениот колективен договор истото да го спречиме“, соопштија од Синдикалната организација „Солидарност“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy