Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест на полицајци и затворски полицајци во Штип
Македонија

Протест на полицајци и затворски полицајци во Штип

04/11/2023

AA

Под итно да се променат Законот за полиција, Законот за внатрешни работи, работни односи и Кривичниот законик побараа полицајците од протестот во Штип. Поради крајно сериозната ситуација во полициската служба и честите напади и закани врз полицајци, бараат минималната казна затвор за напад на полициски службеник да биде пет години. Бројката на нападнати во последниве месеци е над 100, вели претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев-Тодев, а наскоро таа бројка ќе биде видлива за јавноста на скопската Триумфална порта.

-Бројката надмина повеќе од 100 повредени, нападнати полицајци. Пред десетина дена отпочнавме со симболичен бројчаник, кој за брзо време јавноста ќе го види пред Триумфалната капија, а со кој ќе се бројат нападнатите полицајци од лошите закони кои во моментов ги има Македонија, не заради полицајците, заради иднината на моите внуци, на вашите внуци и на цела држава. Законите мора да се прилагодат на европските закони, вели Делчев Тодев.

На ризичните услови за работа реагира и затворската полиција. Тихомир Ивков, претседател на Независен синдикат на затворската полиција при КПД Штип вели дека има случаи на палење на возила на затворски полицајци, закани по нивните семејства.

-Ова се само дел од ризиците со кои се соочуваат тие, вели Ивков.

Освен што се соочуваат со закани и напади, додава тој, работат и за минимални плати.

-Имаше напад на колеги при извршување претрес во просториите на КПД Штип, имаме најмалку десет повредени колеги. Се има случувано палење на возило на колеги, закани на колеги по фамилии, по деца. Моментално состојбата на полицајците е на некое најниско ниво. Немаме плати, платите ни се ниски. Во затворска полиција има и минимална плата. Работиме ризични работи, со доживотно осудени лица, рече Ивков.

Протестниот караван започна од пред Градскиот стадион во Штип, од каде Независниот полициски синдикат се движеше до Плоштадот „Слобода“. По првиот ваков протест, ќе следуваат уште два во Источна Македонија и три во Западна, а централниот ќе се организира во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy