Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проштална средба на Сиљановска-Давкова со Џери Дибл, претставничка на УСАИД
Македонија

Проштална средба на Сиљановска-Давкова со Џери Дибл, претставничка на УСАИД

05/06/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари проштална средба со Џери Дибл, претставничка на УСАИД во државава на која присуствуваше и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Заблагодарувајќи ѝ се на Дибл за посветениот ангажман и придонесот во унапредувањето на односите и соработката меѓу двете пријателски земји, претседателката истакна дека различните американски програми и проекти за соработка, оставија видлив белег во земјава. Дел од нашиот развој во повеќе области, како што додаде таа, се должи на фондовите на УСАИД и затоа државата очекува да завршат започнатите проекти.

Сиљановска-Давкова ја потврди подготвеноста за натамошно проширување на билатералните релации и за продлабочување на македонско-американското пријателство, имајќи предвид дека со САД како наш стратешки партнер, имаме неискористени потенцијали за јакнење на соработката во сите области, а особено во економијата.

Разговарајќи за македонскиот евроинтегративен процес, Сиљановска-Давкова искажа благодарност за континуираната поддршка од САД, како и верување дека со помош на новата администрација ќе ја прошират и продлабочат економската соработка.

На средбата, Дибл посочи дека во изминатите 30 години, преку бројни проекти, УСАИД во државава инвестирала 900 милиони долари. Имајќи ги предвид последните кратења на средствата за помош, таа истакна дека заедно со американската амбасада и со други донатори ќе се обидат да најдат начин да се реализираат започнатите проекти и активности, со цел да не се изгубат досегашните придобивки од нив.

Амабасадорката Агелер искажа разочараност што се затвора Канцеларијата на УСАИД во земјата и истакна дека Амбасадата, заедно со Владата и со други партнери, ќе продолжи да се залага за финализирање на започнатите програми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy