
ПРОШИРУВАЊЕ: БРИКС доби нова членка
БРИКС има нова членка. Саудиска Арабија официјално се приклучи на сојузот во кој се Кина и Русија.
Саудиската државна телевизија денеска објави дека државата официјално влезе во меѓувладината организација БРИКС. Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија во август соопшти дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“.
Принцот Фајсал бин Фархан рече дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка, пренесе Хина.
БРИКС го сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а на 1 јануари покрај Саудиска Арабија ќе му се приклучат и Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија. Аргентина одби да се приклучи на БРИКС. Русија до скоро се надеваше дека државата ќе биде дел од БРИКС, но тоа не се случи.