
Просечната плата во јули изнесувала 45.276 денари, раст од 10.5 проценти
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2025 година достигна 45 276 денари, што претставува пораст од 10.5 проценти во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголем придонес за растот имаат следните сектори:
Административни и помошни услужни дејности – пораст од 16.5 %
Образование – пораст од 15.0 %
Здравствена и социјална заштита – пораст од 14.8 %
Во однос на јуни 2025 година, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите:
Финансиски дејности и осигурување – намалување од 4.0 %
Рударство и вадење камен – намалување од 3.3 %
Информации и комуникации – намалување од 3.0 %
Просечната месечна бруто-плата во јули изнесува 68 102 денари.

