
ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ НАД 1.000 ЕВРА ВО 2025 ГОДИНА: Вучиќ кажа и „Србија има 23 милијарди евра девизни резерви и 38,5 тони злато
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска
гостувајќи во ТВ Прва изјави дека просечната плата во Србија во 2025 година ќе
изнесува 1.024 евра.
Според него, просечната плата во Србија пред 10 години била 331 евро, сега според
податоците за месец мај е 735 евра, додека во Белград во 2012 година била 452
евра, а денес е 931 евро.
„Пред крајот на годината, во декември, ќе имаме просечна
плата од 840 евра, а до крајот на 2024 година во Србија 927 евра. Дали
разбирате што значи тоа, во споредба со 331 евро? И цело време курсот на
динарот во однос на еврото е стабилен“, изјави Вучиќ.
Тој кажа и Србија
има 23 милијарди евра девизни резерви, како и 38,5 тони злато и дека тие
постојано растат.