Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Просечната пензија ќе надмине 27.500 денари, бројот на пензионери расте
Македонија

Просечната пензија ќе надмине 27.500 денари, бројот на пензионери расте

22/02/2026

AA

Пензискиот систем влегува во нова фаза на зголемен број корисници и повисоки расходи, покажуваат најновите проекции на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Според планот на институцијата, до декември 2026 година бројот на лица кои примаат пензија ќе достигне 351.676, со што вкупната бројка ќе ја надмине границата од 350.000 корисници.

Во однос на декември минатата година, тоа претставува зголемување од околу 3.000 лица или приближно еден процент. Најголемиот дел од новите корисници – околу 2.800 – ќе бидат старосни пензионери.

ПИОМ проектира дека на крајот на годинава просечната пензија ќе изнесува 27.522 денари. За споредба, во декември лани просекот достигна 27.167 денари.

Ново линеарно зголемување во март

Следното покачување на пензиите ќе се реализира со мартовската исплата, кога сите пензионери линеарно ќе добијат по 1.000 денари повеќе. Ова е четврто последователно линеарно зголемување од 2024 година наваму. Првите две покачувања изнесуваа по 2.500 денари, а следните две по 1.000 денари, што значи дека за две години пензионерите добија вкупно 7.000 денари повеќе.

И покрај критиките од дел од експертската јавност за напуштањето на формулата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и инфлацијата, Владата останува на ставот дека линеарниот пристап обезбедува поправична распределба.

Нема да има пензии под 17.000 денари

Еден од главните аргументи на извршната власт е зголемувањето на најниските пензии. Пред циклусот на линеарни покачувања, од околу 330.000 пензионери, приближно 150.000 примале најниски пензии во распон од 10.000 до 12.000 денари.

Со следното зголемување, кое ќе се исплати во април, најниските пензии ќе се движат од 17.000 до 19.000 денари. Според надлежните, ваквиот тренд има позитивно влијание врз намалувањето на сиромаштијата кај пензионерите.

Пораст на корисници со најниска пензија

Податоците за исплатените пензии во декември покажуваат дека најниска пензија до 19.228 денари примиле 26.495 лица. Во споредба со истиот месец во 2023 година, бројот на лица во оваа категорија е зголемен за 9.324. Учеството на примателите на најниски пензии пораснало од 5,08 на 7,60 проценти од вкупниот број пензионери.

Најголем дел од пензионерите, 126.430 лица или 36,25 проценти, примале пензија во распон од 19.229 до 22.945 денари. Бројот во оваа категорија во изминатите две години останува речиси непроменет.

Во категоријата на највисоки пензии, односно над 63.518 денари, бројот на корисници е зголемен за околу 900 лица. Највисоката исплатена пензија во декември 2025 година изнесувала 89.049 денари и ја примале 18 лица, сите корисници на старосна пензија.

За споредба, во декември 2023 година највисоката пензија изнесувала 73.503 денари и ја користеле 75 лица, од кои 71 биле старосни, тројца семејни и едно лице со инвалидска пензија.

Проекциите укажуваат дека пензискиот систем ќе продолжи да се соочува со раст на бројот на корисници и зголемени финансиски обврски, што ја отвора дебатата за долгорочната одржливост и моделот на усогласување на пензиите во наредниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СПАС ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Македонските возачи на чекор до статус „професионалци“

22/02/2026
Македонија

ГУЖВА НА КРСТОСНИЦА? Внимавајте, дури и „зеленото“ светло може да

22/02/2026
Македонија

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН РАЗРЕШУВАЛЕ „НЕПОДОБНИ СУДИИ“ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини

22/02/2026
Македонија

Просечната нето-плата во декември достигна 46.889 денари

22/02/2026
Македонија

Центар најскап, Чаир најевтин: Нови податоци за цените на становите!

22/02/2026
Македонија

ПРОЧКА, ПРАЗНИК НА ПРОСТУВАЊЕТО Побарајте прочка и простете

22/02/2026
Македонија

Дали ќе се зголеми минималната плата на 600 евра?

22/02/2026
Македонија

Намалување на бројот на заболени од грип во Македонија 

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41765
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СПАС ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Македонските возачи на чекор до статус „професионалци“ во Брисел

22/02/2026

Додека новиот европски систем ЕЕС виси како „Дамоклов меч“ над транспортниот сектор, вицепремиерот Александар Николоски најавува три можни сценарија за

ГУЖВА НА КРСТОСНИЦА? Внимавајте, дури и „зеленото“ светло може да ве чини 45 евра!

22/02/2026

Како паметниот систем „Safe City“ учи да ги разликува сообраќајните грешки од лошите проценки и зошто повеќе нема да стравувате

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН РАЗРЕШУВАЛЕ „НЕПОДОБНИ СУДИИ“ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Судскиот совет работел по

22/02/2026

Власта на СДСМ целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy