Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пропаѓа уште еден бренд во Германија! Продавниците се затвораат последниот викенд во октомври
Македонија

Пропаѓа уште еден бренд во Германија! Продавниците се затвораат последниот викенд во октомври

24/10/2023

AA

Продажбата е веќе во тек во филијалите во Хамбург, а продавниците ќе се затворат последниот викенд во октомври. Познатиот трговски моден синџир Hallhuber, со седиште во Минхен, е пред банкрот и би можел да ги затвори сите 60 продавници во Германија, Австрија и Швајцарија.

Компанијата е во стечај од крајот на мај, но планираното реструктуирање пропадна, пренесува магазинот Феникс.

Како што пренесува „Immobilien Zeitung“, Hallhuber ги раскинал сите 130 договори за закуп на своите продавници во Германија, Австрија и Швајцарија, а во моментов се уште се отворени околу 60 локации. До крајот на октомври компанијата може да ги затвори преостанатите 60 продавници.

Продажбата е веќе во тек во филијалите во Хамбург, а продавниците ќе се затворат последниот викенд во октомври. Како што пренесува „Хамбургер Абендблат“, на пример, во експозитурата во Еуропапасаж нема многу непродадена облека. На излозите има плакати на кои пишува „Ја затвораме експозитурата“ и „Уште само 7 дена“. Онлајн продавницата не е активна од јуни.

Договори со стари и нови инвеститори се уште не се постигнати. Сега, според сите сметки, бизнисот е на работ да згасне. Останува да видиме дали брендот Hallhuber ќе продолжи да постои и по затворањето на продавниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy