ПРОНАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА ТРЕТИОТ ЧЛЕН НА ЕКИПАЖОТ НА УНГАРСКИОТ ХЕЛИКОПТЕР: Се урна во Хрватска
Пронајдено е телото на третиот член на екипажот на
унгарскиот хеликоптер, соопшти Министерството за одбрана.
„Телото на починатиот припадник на унгарските воздухопловни
сили беше пронајдено во денеска,
во попладневните часови. Во хеликоптерската несреќа загинаа тројца членови на
екипажот. Министерството за одбрана
уште еднаш изразува длабоко сочувство до семејствата, колегите и пријателите на
загинатите припадници на унгарските вооружени сили“, соопшти Министерството за
одбрана.
Воениот хеликоптер се урна вчера во кањонот Чикола, во близина
на националниот парк Крк. Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ на
прес-конференција во средата рече дека истрагата треба да започне наскоро.