Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пронајдено безживотното тело на 14-годишното исчезнато девојче – во Велес пак пронајдено тело на 74-годишен маж!
Македонија

Пронајдено безживотното тело на 14-годишното исчезнато девојче – во Велес пак пронајдено тело на 74-годишен маж!

03/12/2023

AA

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи. Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка. Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДПА СЕ НУДИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА Немаме покана, ама

09/11/2025
Македонија

🎥 ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ГРАДСКИОТ ВОЗ Министерот Николоски

08/11/2025
Македонија

ВО ШТИП ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА

08/11/2025
Македонија

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне

08/11/2025
Македонија

ПОБЕДИТЕ НЕ СЕ ТВОИ, ИСКУСТВАТА СЕ Еве што научил Бујар

08/11/2025
Македонија

СКОПЈЕ ГО ПРАВИМЕ ЗАЕДНО, НАЈДОБРОТО ДОАЃА Еве како Ѓорѓиевски ги

08/11/2025
Македонија

И КОА МУ ИЗВАДИВ ЈА АНКЕТА… Погледнете како Бетмен се

08/11/2025
Македонија

ИЗБРАНИ СЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА МАНУ Професорите Трајче Стафилов и

08/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДПА СЕ НУДИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА Немаме покана, ама нема да ја одбиеме ако

09/11/2025

Немаме покана, но нема да ја одбиеме, рече денеска членот на Централното претседателство на ДПА, Имер Алиу одговарајќи на новинарско

🎥 ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ДВИЖИ ГРАДСКИОТ ВОЗ Министерот Николоски објави видео од трасата

08/11/2025

.

ВО ШТИП ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

08/11/2025

Штип ќе биде првиот град во кој ќе се отвори Центар за рехабилитација на лицата со посебни потреби. Градоначалникот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy