Пронајдено безживотно тело во водите на Зајашка Река, ова е идентитетот!
На 13.06.2023 година во 10.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во населба Бичинци, во водите на Зајашка Река, забележано е машко тело без знаци на живот.
Од преземените мерки утврдено е дека се работи за В.С.(77) од Кичево кој, на 12.06.2023 бил пријавен за исчезнат.
Медицинска екипа констатирала смрт без траги на насилство.