
Пронајдено безживотно машко тело кај хотелски комплекс во Охрид
Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата за влез во еден од познатите хотелски комплекси во Охрид било пронајдено безживотно тело на маж, потврди Министерството за внатрешни работи.
На местото веднаш пристигнала екипа од Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои во моментот вршат увид. Според првичните информации, на телото не се забележани траги на насилство, а идентитетот на лицето веќе е утврден.
Според неофицијални извори, се работи за лице кое имало претходни здравствени проблеми, а се претпоставува дека смртта настапила како последица на срцев удар.
Од СВР Охрид ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали по завршувањето на истрагата и официјалната обдукција, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.