Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пронајдени четири исчезнати лица на Кожуф – втор ден биле недостапни
Македонија

Пронајдени четири исчезнати лица на Кожуф – втор ден биле недостапни

05/02/2023

AA

Денеска (05.02.2023 година, недела), Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше барање исчезнати четири млади возрасни лица на Кожув, коишто се пронајдени живи и здрави од ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи од Гевгелија и се упатени доцна попладнево кон своите домови.

Инаку, пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена во 14.50 часот, денеска. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените лица, бидејќи лицата веќе повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа (04.02.2023 година, во саботата). Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четри броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба „Смрдлива Вода“, што е на подножјето на планината, кон месност „Мала Рупа“ на Планината Кожуф.

Веднаш, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија, стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку кабинетот на Градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија. Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на Планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата „Смрдлива Вода“, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови.

Центарот за управување со кризи по пријава од 112 во ЦУК, преку Секторот за операции и регионалните центри РЦУК Струмица и РЦУК Гевгелија координираше и ја следеше ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови

29/06/2026
Македонија

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов – Мане Левис

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Владо Јаневски остави неизбришлива трага во македонската

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура се прости од Сашо Миленковски: Македонија загуби

29/06/2026
Македонија

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“

29/06/2026
Македонија

Од 1 јули почнува исплатата на К-15: минималниот износ е

29/06/2026
Македонија

Прв претставник на Евровизија и легенда што остави безвременски хитови:

28/06/2026
Македонија

Почина Владо Јаневски – македонската музика остана без еден од

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44016
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови од Македонија

29/06/2026

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов – Мане Левис

29/06/2026

Бизнисменот Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот на неговиот дом во скопската населба

Министерството за култура: Владо Јаневски остави неизбришлива трага во македонската музика

29/06/2026

Министерството за култура и туризам изрази длабоко жалење по повод смртта на македонскиот музички автор и изведувач Владо Јаневски, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy