
Пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица
Во текот на изминатата ноќ, поточно во раните утрински часови, во Струмица е пронајдено тело на почината женска личност.
Жената била пронајдена во водите на езерцето лоцирано во Градскиот парк, по што случајот веднаш бил пријавен кај надлежните служби.
На местото на настанот извршиле увид полициски екипи и јавен обвинител за да се утврдат околностите под кои настапила смртта.
По наредба на обвинителот, телото е предадено на обдукција во институтот за судска медицина.
