
Пронајдена e исчезнатата жена од село Ваксинце
Полицијата во Куманово ја пронајде 40-годишната С. С. од селото Ваксинце, општина Липково, потврди денеска Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.
Вчера, нејзиниот 50-годишниот сопруг Б. С. пријавил во полицијата дека сопругата се оддалечила од домот.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека пријавата за исчезнувањето стигнала на повикувачкиот број за итни случаи 112, по што, по барање на полицијата, во потрагата биле ангажирани и дронови.