
Пронајден починат градежен работник во Кичево
На 17.05.2024 во 15.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека градежни работници, кои извршувале градежни работи на куќа во кичевското село Челопеци, го пронашле починат нивниот колега Н.Ќ.(60) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
