
Пронајден 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од тетовско
По тридневна потрага, пронајден е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од селото Фалиште, Тетово, потврдиле од неговото семејство.
Серафимовски е контактибилен и е пренесен во болница каде што ќе му бидат извршени дополнителни лекарски проверки. Засега нема повеќе информации за неговата здравствена состојба.