
Пронајден 76-годишниот маж од Свети Николе
СВР Велес информира дека е пронајден 76-годишниот Б.М. од Свети Николе, кој попладнево се оддалечил од домот на својата ќерка во Велес каде привремено престојувал.
Исчезнувањето беше пријавено денеска напладне од неговата ќерка, 52-годишната Б.П., која навела дека нејзиниот татко има здравствени проблеми.
По преземени мерки, лицето е успешно лоцирано и е вратено на безбедно.
