
Променливо облачно време – пообилни врнежи од дожд утре и во петок
Претпладне променливо облачно, попладне и во вечерните часови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно, ќе дува слаб ветер од променлив правец. T=20°C. P=987hPa. U=81%. V=1m/s.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.