
Променливо облачно – во некои делови дожд, а на планините снег!
Променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени.
Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.
