
Променливо, но топло време – попладне со дожд, грмотевици и засилен ветер
Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Под влијание на топла, влажна и нестабилна воздушна маса денес и во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претпладне сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.