Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Промени во Пелистер: Радуловиќ место Илиевски, кој не си оди од клубот!
Спорт

Промени во Пелистер: Радуловиќ место Илиевски, кој не си оди од клубот!

03/10/2023

AA

По три години на клупата, трофејниот македонски стручњак Марјан Илиевски повеќе не е тренер на Пелистер.

До неочекуваната промена на позицијата дојде денеска откако 48-годишниот стручњак одлучи да се повлече и своето место да му го отстапи на пет години помладиот помладиот Дарко Радуловиќ. Илиевски донесе ваква одлука од здравствени причини кои и претходниот период му правеа проблеми. Сепак, тој ќе остане во Пелистер, но во иднина ќе биде генерален менаџер на клубот и од стручен аспект ќе му помага на својот наследник.

Радуловиќ со ова се враќа во македонската кошарка по пауза од 20 месеци. Последен пат во земјава работеше во МЗТ Скопје со кого освои двојна круна во сезоната 2021/22, но се раздели со клубот по неуспехот во финалето од Купот на Македонија кога аеродромци загубија од ТФТ. Во меѓувреме, популарниот Радуле работеше во косовскиот Башкими и во унгарскиот Нирегихаза, а летово имал понуди од неколку европски и азиски клубови. Пелистер ќе биде негов трет клуб во Македонија бидејќи пред МЗТ Скопје го водеше и Вардар каде и ја почна својата тренерска кариера.

Своето деби на новата позиција, Радуловиќ ќе го има в сабота, во дербито против Работнички, а идната недела ќе го води Пелистер на првиот АБА 2 турнир што ќе се одржи во Суботица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy