
ПРОМЕНИ: Кој е генералниот директор на Империал Тобако ТКС а.д. Скопје?
Империал Тобако ТКС а.д. Скопје информира за извршена промена во Управниот одбор на друштвото и на Генералниот директор.
Врз основа на одлуките на Надзорниот одбор, извршен е упис од страна на Централниот регистар на Софи Емили Хогг за член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на Империал Тобако ТКС а.д. Скопје. Ова е во согласност со вчерашното решение од Централниот регистар.
