
Промена во сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица: Од денеска во функција само еден тунел!
Oд АМСМ соопштија дека денеска во 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива на левата тунелска цевка поради реконструкција на десната тунелска цевка Т2 која е целосно затворена.
Реконструкцијата ја изведува фирмата Синтек инженеринг.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.