
Промашија пенал и им поништија два гола: Трабзон на Барди елиминиран од КЛ!
Тимот на македонскиот репрезентативец долго ќе жали за пропуштената шанса со оглед што во 27. минута промаши пенал за изедначување по воведниот гол на домашинот преку Амдоуни во 13. минута. Потоа следуваше поништен гол од ВАР поради офсајд, што Швајцарците го казнија со втор погодок преку Заќири. Турците уште еднаш ја затресоа мрежата во 92. минута, што ќе им донесеше продолженија, но судиите одново досудија офсајд. Барди на оваа средба ги одигра последните десетина минути.
Полски Лех со еден гол во два меча го елиминира Бодо Глимт по норвешките 0-0, додека Фиорентина го доби и вториот дуел со Брага (3-2) и тоа откако гостите ги постигнаа првите два гола. Гент и Карабах играат продолженија.