Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пролет е првиот учесник на Ф4-турнирот во ракометниот Куп на Македонија
Спорт

Пролет е првиот учесник на Ф4-турнирот во ракометниот Куп на Македонија

18/03/2023

AA

Иако се последни во досегашниот тек од плејофот во Суперлигата, ракометарите на Пролет се издигнаа високо над тоа ниво и се пласираа меѓу најдобрите четири екипи од Купот на Македонија.

Тие го искористија домашниот терен, во салата „Македонско сонце“, да ја освојат групата 2, совладувајќи го Пелистер 2 во финалето, со 30-26.

Изедначено беше речиси, 25 минути, кога важеше резултатот 10-10. Тоа беше само попатна станица во процесот на пресврт на Пролет, бидејќи имаше тесна негатива дотогаш. На пауза замина со водство од 14-12, а уште на стартот на вториот дел му покажа на противникот од Битола дека задачата ќе биде тешка.

Прво направи серија од 4-0 за да поведе со 20-15, а потоа врза уште три гола за највисоки 23-16 во 44. минута. Пелистерци само ја намалија негативата, но не успеаја поопасно да се доближат. Најдобар поединец на теренот беше Мартин Ивановски од Пелистер 2 со осум гола, сите од игра, а седум додаде Ненад Белистојановски, исто така од поразената екипа. Кај победниците, најефикасен беше Мартин Димов со седум гола, шест од седум од пенал-линијата имаше ветеранот Дејан Пецаковски.

Пролет е првиот учесник на Ф4-турнирот во Купот на Македонија, а останатите три ќе ги донесат победниците на Тиквеш – Пелистер, меч кој се игра вечерва и Вардар Неготино – Алкалоид и Вардар – Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy