
Производството на накит во ЕУ достигна 4,36 милијарди евра
Вкупното производство на накит во ЕУ во 2023 година достигна 4,36 милијарди евра, што претставува зголемување од еден процент во однос на претходната година, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика соопшти дека Италија е водечки производител, со вкупна вредност од 1,55 милијарди евра или 36 отсто од вкупното производство во ЕУ, пренесува Б92.
Следува Франција со 1,44 милијарди евра, а потоа Германија со 507 милиони.
Најголем релативен раст на вредноста на производството на накит е забележан во Хрватска од 26 отсто, Чешка за 25 отсто и Ирска за 20 отсто.
За разлика од нив, најголем пад е забележан во Литванија 36 отсто, Летонија 16 отсто и Италија 8 отсто.